Достапни линкови

Брисел жали за резултатите од референдумот во Швајцарија


Европската Унија објави дека жали за референдумското изјаснување во Швајцарија за ограничување на доселувањето странци.
Конечните резултати од вчерашниот референдум покажуваат дека 50,3 проценти гласале за ограничување на доселувањето странци.
Брисел оцени дека треба да се види како гласањето ќе се одрази врз релациите со Швајцарија земајќи ја предвид позицијата на Владата која ги повика граѓаните да гласаат против.
Референдумот ја рефлектира зголемената згриженост меѓу Швајцарците од имиграција . Околу 70 илјади ново имигранти пристигале во Швајцарија минатата година
XS
SM
MD
LG