Достапни линкови

Протести во Сараево


Неколку стотици илајди луге вчера повтoрно излегоа на протести во Сараево пред зградатa на Претседaтелството на Босна и Херцеговина. Тие ја обвинија полицијата за неодамнешните приведувања на демонстранти и бараат нивно ослободување. Граѓаните исто така бараат оставка на владата бидејќи во државата околу 40 проценти од населението се невработени а исто така корупцијата е широко распространета во земјата. Повеќе од 300 луѓе се повредени во изминатите неколку денови за време на најдраматичните социјални немири во Босна после војната. Во петокот демонстрантите ја запалија зградата на Претседателството и уште 17 други владини згради низ повеќе градови во Босна. Американската амбасада во Сараево објави соопштение во кое се вели дека политичарите треба да обрнат внимание на она што го кажуваат демонстрантите и властите да стават крај на насилствата.
XS
SM
MD
LG