Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ:не е купено ни литар мазут


Само за месец јануари од користењето на гас како енергенс за затоплување на клиничкиот центар, државата има заштедено над 4 милиони денари, народни пари, реагира ВМРО-ДПМНЕ на сомневањата на СДСМ дека Клинички центар сè уште се грее на мазут иако беше најавено дека преминале на греење на гас.
„Договорот за набавка на мазут е договор за сукцесивна набавка. Ова значи дека се плаќа само доколку се повлечат определни количини мазут. Договорот е склучен со цел веднаш и без одлагање, да имаме енергенс супститут доколку од кои и да е причини снема гас или има дефект во системот. Досега од овој договор на заеднички служби, како што сме информирани има повлечено 0 (нула) литри мазут. Значи, единствено погонско гориво кое се користи за затоплување на Клиничкиот центар во овој момент е природен гас“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG