Достапни линкови

logo-print

Специјалците во Сараево ги спуштија штитовите, граѓаните ги поздравија со аплауз


Демонстрантите во Сараево денеска од зградата на Претседателството на БиХ,каде што почна протестот, дојдоа пред Обвинителството на Сараево,каде што се одржува состанок на полициските сили на Босна и Херцеговина.
Специјалците кои ја чуваат зградата на Обвинителството на кантонот Сараево денеска ги симнаа кацигите и ги спуштија штитовите. Насобраните демонстранти овој потег на полицајците го дочекаа со воодушевување.
Неколку стотици илјади демонстранти денеска повторно се собраа пред зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина барајќи безусловна оставка на Владата на Кантонот Сараево и владата на Федерацијата БиХ . Граѓаните имаа транспаренти на кои пишуваше "Сакаме закони" и извикуваа "Крaдци"," Оставки" "Излезете надвор" .Демонстрантите ги повикаа другите граѓани да им се придружат и порачаа дека сами ќе се пресметаат со хулиганите доколку тие се појават .Тие бараат политичарите да признаат дека се работи за бунт на народот, минималните пензии да се зголемат на 200 евра , да престаната задолжувањата кај ММФ и растот на цените на комуналните улуги.Бараат и ревизија на приватизацијата и на платите на буџетските корисници како и намалување на бројот на кантоните. Демонстрантите бараат смена на владеачката структура на Федерацијата Босна и Херцеговина, на чело со премиерот Нерман Никшиќ кој рече дека е подготвен за оставка ако постои ново парламентарно мнозинство.
XS
SM
MD
LG