Достапни линкови

logo-print

Швајцарија- Референдум за ограничување на доселувањето на странците


Според првите резултати на гласањето во Швајцарија на денешниот референдум за ограничување на доселување на странците, повеќето кантони гласаа за тоа да се стави точка на масовната имиграција.Но, за да се донесе таква одлука потребно е покрај повеќе кантони за ова да гласаат и повеќето граѓани.
Референдумот под наслов„Не, на масовното доселување го организира Швајцарската народна партија, позната по своите конзервативни и ксенофобични ставови. Референдумот може да има долгорочни последници бидејќи навлегува во едно од начелата на ЕУ, а тоа е слободата на движење. Иако Швајцарија не е членка на ЕУ, со неа има 120 билатерални спогодби од сите области.
Според последните испитувања на јавното мислење , иницијативата ја подржуваат 43 проценти од граѓаните, 50 проценти се против, а неодлучни се седум проценти.
Затоа резултатот од кантонот Берн кој уште не е објавен може да биде од пресудно значење за исходот од референдумот.
XS
SM
MD
LG