Достапни линкови

„Разбуди се“ги повикува Албанците да не гласаат за претседател


Граѓанското движење „Разбуди се“ ги повикува сите Албански гласачи да не учествуваат на претседателските избори во Македонија кои ќе се одржат на 13 и 27 април годинава.
Истовремено ги повикуваат и другите организации од Албанското цивилното општество, Исламската Верска Заедница како и Албанските медиуми да работат кон оневозможување на избор на претседател на Македонија, за кој што сметаат дека е неприфатлив за Албанците.
„Разбуди се “ ќе започне кампања на средби со Албанските граѓани, но и со другите заедници, за да ги информира околу потребата да не го земаат гласачкото ливче за избор на претседател, особено не во вториот круг.
Ниту еден Претседател на Македонија не може да биде легитимен претставник на државата без Албански гласови и сметаме дека во иднина, Претседател треба да се избере во Собрание со двојно мнозинство велат од „Разбуди се“.
XS
SM
MD
LG