Достапни линкови

Продолжија демонстрациите во Сараево


Во Сараево,по мирната ноќ, денеска повторно пред зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина се собраа повеќе стотици илјади демонстранти. Сообраќајот во центарот беше прекинат.Полицијата го обезбедуваше собирот но не беа забележани инциденти. Откако вчера премиерот на Кантонот Сараево Суад Жељковиќ си поднесе оставка демонстрантите бараат безусловна оставка на Владата на Кантонот Сараево и владата на Федерацијата БиХ . Граѓаните имаа транспаренти на кои пишуваше "Сакаме закони"- и извикуваа "Крадци", "Оставки" "Излезете надвор" .Демонстрантите ги повикаа другите граѓани да им се придружат и порачаа дека сами ќе се пресметаат со хулиганите доколку тие се појават .Тие бараат политичарите да признаат дека се работи за бунт на народот, минималните пензии да се зголемат на 200 евра , да престанат задолжувањата кај ММФ и растот на цените на комуналните услуги.Бараат и ревизија на приватизацијата и на платите на буџетските корисници како и намалување на бројот на кантоните .Тие зборуваа дека граѓаните на Сарево се без имиња,националност или партиска припадност. Граѓаните бараат и непревземање никави мерки со кои би се ограничиле мирните демонстрации и итно ослободување на приведените демонстранти. Демонстрантите бараат смена на владеачката структура на Федерацијата Босна и Херцеговина, на чело со премиерот Нерман Никшиќ кој рече дека е подготвен за оставка ако постои ново парламентарно мнозинство.
XS
SM
MD
LG