Достапни линкови

Ректорот на Универзитетот во Приштина поднесе оставка по протестите


Ректорот на Универзитетот во Приштина, Ибрахим Гаши поднесе оставка по судирите меѓу полицијата и студентите, кои протестираа обвинувајќи го дека заедно со останатите вработени ја злоупотребуваат оваа образовна институција.
По ректорот оставка синоќа си поднесе и проректорот за настава Нури Беџети.
Демонстрантите, главно студенти, го обвинуваат ректорот на Универзитетот и десетици вработени дека објавувале истражувачки трудови во странски списанија. Полицијата во петокот се судри со демонстрантите во Приштина, при што десетци лица беа повредени.
Нови протести на студентите се најавени за следната недела.
XS
SM
MD
LG