Достапни линкови

logo-print

СДСМ: Со кои пари ВМРО-ДПМНЕ ги плаќа негативните кампањи против опозицијата


СДСМ прашува од кои средства ВМРО-ДПМНЕ ги плаќа негативните кампањи против опозицијата, кога во најновиот ревизорски извештај нема ниту еден податок дека партијата исплатила пари на некој медиум.
Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на денешната партиска прес-конференција обвини дека Владата во 2013 година префрлила и над 280 илјади евра на сметката на Канал 5 телевизија, преку најмалку пет трансфери.
Тој посочи дека преку пет трансфери, Владата префрлила над 230 илјади евра и на сметката на Алфа телевизија.

Потсети дека веќе објавиле оти Владата префрлила на сметката на Сител телевизија повеќе од еден милион евра за кампања, од кои 450 илјади евра во еден ден, на 23 дена пред локалните избори
XS
SM
MD
LG