Достапни линкови

Според босанските медиуми, над 2000 лица денеска се собрале пред кантоналната влада во Бихаќ, која е под силно полициско обезбедување. Во неколку други градови денеска беше мирно, но напнато.

Премиерот на кантонот Сарево, Суад Жежковиќ, понуди оставка додека граѓаните на Сараево денеска ги продолжуваат протестите пред Претседателството на БИХ каде извикуваат „Убијци“ и „Крадци“.

Околу две илјади лица денеска повторно се собраа и во Бихаќ на Градскиот плоштад и бараа оставка од Владата на Унско-санскиот кантон. Демонстрaнтите од Градскиот плоштад тргнаа кон зградата на кантоналната Влада, каде што ги пречекаа полициски кордони. Демонстарнтите извикуваа „Крадци“ и „Бараме оставка“ и ги каменуваа полицајците.

Епилогот од демонстрациите во БиХ одржани вчера е 156 повредени и запалени згради на Претседателството на БиХ и владата на Зеничко-добојскиот кантон. На улиците во Сараево денеска изутрината беше опустошено, а глетката е изгорени и превртени возила, искорнати сообраќајни знаци, а зградите на јавните институции се црни од пожарот и без прозорци.

Во раните утрински часови противпожарните служби ги изгасија пожарите во Сараево, каде беа запалени зградата на претседателството на Босна и Херцеговина и на кантонот Сараево.

Според босанските медиуми, во клиничкиот центар во Сараево доцна синоќа биле примени 121 лице од кои 101 полицаец и 20 цивили. Покрај Сараево, санирање на последиците од безредијата се спроведува и во Тузла, Зеница и другите градови во БИХ зафатени со протестите на граѓаните.

Политичката јавност во БИХ изразува разбирање за незадоволството на граѓаните од тешката економска ситуација, корупцијата и безперспективноста која ја чувствуваат особено младите луѓе, но дел од нив порачуваат дека уништувањето на државните институции не може да донесе ништо добро.

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина и фукционер на Партијатa за Демократска акција Бакир Изетбеговиќ го повика народот да протестира и да го искаже своето незадоволство на цивилизиран начин. Изетбеговиќ порача дека треба да се менува власта, а не да се уриваат згради.

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Фахрудин Радончиќ, оцени дека се случуваат протести како резултат на 17 години лошата власт. Прашан дали во Босна се случува државен удар, Радончиќ рече дека за тоа не станува збор.

„Каков државен удар кога 500-600 илјади невработени регираат на корупцијата. Ова е народен удар врз државната мафија“, заклучи Радончиќ.

Демонстрантите ја обвинуваат владата за корупција и дека многу малку работи за да ја подобри лошата економска ситуација во земјата. Истовремено, полицијата на Република Српска соопшти дека ситуацијата во овој ентитет е мирна и апелираше до граѓаните да не наседнуваат на провокациите и обидите за дестабилизација.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG