Достапни линкови

Хамнеи – да се вложува во домашните капацитети


Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи денеска им порача на официјалните претставници дека не треба да негуваат надеж оти ќе бидат намалени економските санкции против Иран како резултат на постигнатиот договор со светските сили. Тој кажа дека единствената шанса за надминување на економските проблеми е да се вложува во домашните капацитети.
До неговата изјава доаѓа откако претходно ирански официјални претставници изјавија дека се подготвени да одговараат на прашања од Меѓународната Агенција за Атомска Енергија за нуклерната програма во текот на денешните разговори во Техеран.
Агенцијата за Атомска Енергија се сомнева дека Техеран истражува како да произведе нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла обвинувањата.
До разговорите доаѓа 10 дена пред почнувањето на преговорите меѓу Техеран и светските сили за нуклерниот договор. Иранските власти ветија дека ќе ги сопрат нуклеарните активности и дека ќе дозволат да биде извршена инспекција во нуклеарните постројки за да бидат намалени санкциите против земјата.
XS
SM
MD
LG