Достапни линкови

Киднаперот на авионот под истрага за обид за тероризам


Осомничениот киднапер,Украинецот, кој се обиде да го пренасочи авионот на турската авиокомпанија кон Сочи е под истрага за терористички напад, соопштија денеска украинските безбедносни служби. Турските државни медиуми јавија дека антитерористичките единици го испрашуваат украинецот Артем Холзов за да утврдат дали е поврзан со терористичка организација.Авионот на турската компанија Пегасус кој полета од Украина беше приземјен синоќа во Истанбул откако пилотот јави дека еден патник се обидел да го натера да го смени правецот со закана дека ќе активира бомба.Авионот принудно слета на истанбулскиот аеродром каде што беше обиколен од полицијата. Украинецот на возраст од 45 години во себе немал ниту оружје ниту бомба.
XS
SM
MD
LG