Достапни линкови

Во Босна мирно, но со стравувања од повторување на насилството


Во Сараево и останатите градови во Босна што беа зафатени од протести денеска е мирно и покрај стравувањата дека насилството може да се повтори. Пожарникарите и властите во Сараево продлжуваат да се обидуваат да ги санираат последиците од пожарот во зградата на Претседателството на БИХ што вчера беше запалена заедно со зградата на владата на Зеничкиот кантон .
Полицијата соопшти дека 144 полицајци и 20 цивили биле повредени во три дневните немири што ги зафатија Сарево и Тузла, и се проширија во уште неколку други градови. Дванаесет полицајци се хоспитализирани.На улиците во Сараево денеска изутрината беше опустошено а глетката е изгорени и превртени возила ,искорнати сообраќајни знаци, а зградите на јавните институции се црни од пожарот и без прозорци.
Како што ни претходните денови протестите не беа највувани ниту денеска не е познато дали повторно ќе има собирање на граѓани.
Демонстрантите ја обвинуваат владата за корупција и дека многу малку работи за да ја подобри лошата економска ситуација во земјата.
XS
SM
MD
LG