Достапни линкови

Напнато во Приштина по вчерашните судири на студентите со полицијата


Во Приштина ситуацијата денеска е напната еден ден по судирите на студентите со полицијата пред Ректоратот. Полицијата соопшти дека пет полицајци биле повредени во судирите. Десетици демонстранти исто така се повредени а над 30 студенти се приведени. Вчерашниот протест беше осми по ред но најмасовен и најжесток досега.Студентите протестираат барајќи оставка на ректорот Ибрахим Гаши поради сомневања дека ректорот до својата титула дошол со помош на три научни труда, што бил објавени во некое списание и други злоупотреби.
Претседателката на Косово Атифете Јајага порача дека насилството не е начин да се решат проблемите на Универзитетот и повика истите да се решат низ дијалог.
XS
SM
MD
LG