Достапни линкови

Училиштата во Приштина затворени поради сомнителна нафта


Градоначалникот на Приштина донесе одлука синоќа да се прекине наставата во сите основни и средни училилшта во градот поради сомневање дека нафтата што се користи за затоплување на објектите е опасна по здравјето.
Наставата ќе биде прекината се додека не се добијат резултати од анализа на енергенсот.
На прес конференција Шпенд Ахмети рече дека според анализи во нафтата има сулфур за 600 пати повеќе од дозволеното со уредби на Владата на Косово.
Дополнителната анализа ќе ја прават во Националниот институт за јавно здравје. Наводите на градоначалникот беа оквалификувани како невистина од страна на официјални лица од Министерството за трговија и индустрија
XS
SM
MD
LG