Достапни линкови

Реaкции на политичарите за немирите во Босна


Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина и фукционер на Партијатa за Демократска акција Бакир Изетбеговиќ го повика народот да протестира и да го искаже своето незадоволство на цивилизиран начин.Toj порача дека треба да се менува власта а не да се уриваат згради. Претседателот на Претседателството на БИХ Жељко Комшиќ рече дека е оправдан бунтот на луѓето што долго тлеел, но дека уништувањето на имотот и загрозувањето на животот на другите е нешто сосем друго. Претседателството на Босна и Херцеговина ги осуди хулиганските испади и им дава подршка на органите да воспостават ред и мир ,соопшти службата за односи со јавност на Претседателството на БИХ.
Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Фахрудин Радончиќ оцени дека се случуваат протести како резултат на 17 години лошата власт. Прашан дали во Босна се случува државен удар Радончиќ рече дека за тоа не станува збор.
„ Каков државен удар кога 500 -600 илјади невработени регираат на корупцајта. Ова е народен удар врз државната мафија,“заклучи Радончиќ.
XS
SM
MD
LG