Достапни линкови

logo-print

Осомничениот киднапер на турскиот авион совладан


Осомничениот патник од Укарина кој синоќа се обиде да го киднапира авионот на турската авиокомпанија што требаше да се насочи кон Сочи е совладан во Истанбул, а сите патници се евакуирани изјави гувернерот на Истанбул . Киднаперот е совладан во акција на безбедносните сили, рече гувернерот Хусеин Авни Мутли.
Авион на турската авиокомпанија „Пегасус“, што полета од Харков, во Украина, синоќа беше принуден од турските воено воздухопловни сили да се приземји во Истанбул по обидот за негово киднапирање од страна на украинскиот патник.
Украинскиот патник се заканил дека ќе активира бомба доколку авионот, со 110 патници, не се насочи кон рускиот град Сочи, каде синоќа се отвораат Зимските олимписки игри. Во истрагата во авионот не била пронајдена бомба.
XS
SM
MD
LG