Достапни линкови

logo-print

Во Сараево утрово е мирно, полицијата во состојба на готовност


Властите во Босна и Херцеговина се во состојба на готовносот по вчерашните жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во Сарево и Тузла. Полицијата вчера во ове два града се судри со разлутените демонстранти. Во Сарево полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите кои ја запалија Владината зграда. Пожарот во зградата на Владата, што демонстрантите претходно ја запалија, го гаснеа пет пожарникарски возила.
Во Сараево утрово е мирно, по вчерашните жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Во близина на зградите кои беа опожарени, демонстрантите искршија рекламни паноа, киосци, трамвајски станици, искршени се и телефонски говорници. Оштетени се неколку семафори, а полицијата обезбедува локации на кои беа опожарени повеќе автомобили.
Според информации од сараевските болници, повредени се 156 луѓе меѓу кои 90 полицајци и 66 цивили. Протестите почнаа во средата во Тузла заради тешката економска и социјална состојба, а потоа се проширија и во други градови и прераснаа во насилни немири.
Во Тузла вчера демонстрантите влегоа во владината локална зграда и запалија оган. Над 130 лица се повредени во судирите со полицијата во Тузла.
Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Фахрудин Радончиќ оцени дека во Босна и Херцеговина се случуваат протести како резулатат на 17 години лошата власт. Во Босна над 40 проценти од луѓето се невработени.
XS
SM
MD
LG