Достапни линкови

Иванов во работна посета на Русија


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од утре до вторник ќе престојува во посета на Руската Федерација, во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
Утре, во Москва, претседателот Иванов, ќе оствари средба со Патријархот на Руската Православна Црква, г.г. Кирил.
За време на престојот во Москва, предвидено е македонскиот претседател да го посети московскиот државен универзитет „Ломоносов“, каде на покана на универзитетот ќе одржи предавање.
Реномираниот универзитет „Ломоносов“ на претседателот Иванов ќе му ја додели титулата Почесен професор.
XS
SM
MD
LG