Достапни линкови

Свечено отворени 22 Зимски Олимписки игри


Со спектакуларна церемонија, во рускиот град Сочи свечено се отворени 22 Зимски Олимписки игри, кои ќе траат 17 дена. Во рамките на свеченоста, на олимпискиот стадион продефилираа околу 3 илјади учесници од вкупно 88 земји, меќу кои и тројца спортисти од Македонија.
На отворањето се обрати претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, а игрите за отворени ги прогласи претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
Олимпискиот оган го запалија спортските легенди од Русија Ирина Роднина и Владислав Третјак.
XS
SM
MD
LG