Достапни линкови

logo-print

Протести во Тузла и Сараево


Тузла

Тузла

Босанската полиција денеска употребила губени куршуми и шок бомби за да ги растера стотиците антивладини демонстранти во Сараево, додека во северниот град Тузла демонстрантите влегле во зградата на кантоналната влада при што ја запалиле. Протестите почнаа вo средата во Тузла, кога работниците од затворените фабрики побараа исплата на нивните плати. Тие ги обвинуваат властите за измама и за лоша приватизација на државните фирми. Во досегашните протести во Тузла биле повредени над сто лица. Демонстрантите одбија да се состанат со премиерот на тузланскиот кантон, а и натаму бараат оставка на владата.
XS
SM
MD
LG