Достапни линкови

ВИДЕО,ФОТО: Социјални протести во Тузла и во други градови во БиХ


Тузла: Демонстрантите ја запалија зградата на локалните власти
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Тузла: Демонстрантите ја запалија зградата на локалните власти

Демонстратните во Тузла денеска го пробиле полицискиот кордон и упаднале во зградата на Кантоналната влада. И покрај повиците за мирни протести, тие повторно ескалираа.

Неколку илјади луѓе и денеска се собрале во Тузла пред зградата на кантоналната влада пред која има кордон специјалци. Веќе три дена во Тузла траат протети поради лошата економска и социјална ситуација. Демонстрантите одбија да се состанат со премиерот на тузланскиот кантон, а и натаму бараат оставка на владата. Поддршка на протестите во Тузла и денеска дојде од многу градови во Босна и Херцеговина.


Босанската полиција денеска употребила губени куршуми и шок бомби за да ги растера стотиците антивладини демонстранти во Сараево, додека во северниот град Тузла демонстрантите влегле во зградата на кантоналната влада при што ја запалиле. Протестите почнаа вo средата во Тузла, кога работниците од затворените фабрики побараа исплата на нивните плати. Тие ги обвинуваат властите за измама и за лоша приватизација на државните фирми. Во досегашните протести во Тузла биле повредени над сто лица. Демонстрантите одбија да се состанат со премиерот на тузланскиот кантон, а и натаму бараат оставка на владата.

Во Сараево, денешниот протест на подршка за Тузла, ескалира и дојде до судири со полицијата.

Ескалација на протестите во Сараево
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00


Протестите во Тузла наидуваат на подршка и во други градови во БиХ. Некогаш поделениот Мостар се обедини за проблемот со тешката економска ситуација.

Мостар: Сакаме промени
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:48 0:00

Стотици сараевчани и вчера им дадоа подршка на демонстрантите во Тузла, главно поради тешката социјална состојба во земјата. Дојде и до помали судири со полицијата.

Протест на подршка и во Сараево
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:28 0:00

Демонстрациите излегоа од контрола, дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, има повекемина повредени. Социјалните протести во Тузла почнаа да се шират и во други градови ви БиХ.

Социјални протести во Тузла
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:48 0:00

Тузла - три дена демонстрации и судири со полицијата.

Втор ден од насилните протести во Тузла
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG