Достапни линкови

Во Турција над 700 илјади бегалци од Сирија


Турските власти соопштија дека во таа земја имало 700 илјади сириски бегалци. Претседателот на Дирекцијата за управување при катастрофи и вонредни ситуации Фуад Октај денеска изјави дека дел од Сиријците живееле во бегалски кампови, а дел од нив биле сместени кај свои роднини. Тој додаде дека хуманитарната ситуација се влошува и повика сите страни да пројават поголем интерес во решавањето на ситуацијата во таа земја.
XS
SM
MD
LG