Достапни линкови

На екстерното тестирање просечната оценка 3.39


Просечната оценка на екстерното тестирање на матурантите од 96 средни училишта во Македонија е 3.39, соопшти денеска на прес-конференција ресорниот министер Спиро Ристовски. Најдобри резултати постигнале матурантите од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје, а следни се: „Јосип Броз-Тито“-Битола, уметничкото „Лазар Личеноски“-Скопје, „Орце Николов“-Скопје и „Гоце Делчев“-Куманово на петтото место. Списоците ќе бидат објавени во училиштата, а од понеделник до среда учениците ќе имаат право на приговор до училишна комисија. Конечната одлука за прифатливоста на приговорите е во надлежност на Државниот испитен центар.
XS
SM
MD
LG