Достапни линкови

Парите во политиката без контрола


Ревизии се спроведуваат, но без да се навлезе во суштината на изворите на финансирањето на политичките кампањи на партиите, велат упатените.

Нема суштинска ревизија на изворите на финансирањето на политичките кампањи на партиите, велат упатените. Постојат не само механизми туку и казни кои важат за неажурни финансиски извештаи и можни кривични дела во поглед на финансирањето на предизборните кампањи, па дури и затворски казни до 5 години, објаснува Александра Марковска од невладината „Транспарентност Македонија“. Но дали овие механизми се применуваат?
Некој може цело време на време да си поднесува финансиски извештаи, а треба да се навлезе, да се направи убава економска, финансиска анализа, па да се види колку тие факти наведени во тој финансиски извештај држат вода.
Александра Марковска од Транспарентност Македонија.

„Постапки не се поведуваат, се останува само на тоа ќе се спроведе ревизија. Ревизијата ќе се спроведе, се даваат само препораки, се поведуваат само постапки за порамнување кои се во согласност со законот, значи пред поведување на каква било друга постапка да се спроведе постапка за порамнување за тие евентуални прекршители на законот, така да останува на многу ситно“, вели Александра Марковска од Транспарентност Македонија.

Минатата година за локалните избори се донесе одлука за стопирање на надоместокот за финансирање на кампања, по што
се регистрираа само минимални повреди на изборниот законик, како на пример закаснување со извештаите, вели Марковска.

„Мислам дека повеќе не се влезе во суштината на самите финансиски извештаи, повеќе се отиде на оној технички дел, дали некој поднел или не поднел финансиски извештај, не е
Фирмите, без разлика дали се мали или средни претпријатија или пак големи, се директно уценети со ДДВ и со даноците, така што тие мораат на некој начин да го финансираат тоа, да ја финансираат кампањата.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.
во суштината само тоа. Некој може цело време на време да си поднесува финансиски извештаи, а треба да се навлезе, да се направи убава економска, финансиска анализа, па да се види колку тие факти наведени во тој финансиски извештај држат вода, односно можат да се гледаат како реално изразени“, вели Марковска.

Според „Транспарентност Македонија“, минатата година Јавното обвинителство и Антикорупциска информирале дека нема поднесено никаква постапка за кривично гонење против политичките субјекти. Останува отворено прашањето како партиите ги добиваат парите - милионските износи на кои не им се знае потеклото? Постои простор за уцена на фирмите со цел финансирање на политичките кампањи, вели политикологот Соња Стојадиновиќ. Како би изгледало тоа?

„Фирмите секако строго ќе се казнуваат, бидејќи фирмите се заложници во сите кампањи кои се водат од времето на доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт, затоа што знаеме дека фирмите, без разлика дали се мали или средни претпријатија или пак големи, се директно уценети со ДДВ и со даноците, така што тие мораат на некој начин да го финансираат тоа, да ја финансираат кампањата“, вели Соња Стојадиновиќ.

А тука се и казните. Согласно прописите, казните за донаторите на партиите се движат од 1,000 до 10,000 евра. За споредба, минатиот месец рудникот„Бучим“ доби казна од 100 илјади евра поради загрозување на животната средина.

Судејќи по емпириските истражувања, проблематична е транспарентноста на партиите воопшто а не само пред, за време и по изборите. Согласно податоците од извештајот на „Транспарентност Македонија“ насловен „Парите во политиката“, само 29 проценти од партиите лани ја исполниле законската обврска за поднесување на годишни финансиски извештаи. Во 2011 година само 11 проценти од политичките субјекти поднеле вакви извештаи. „Понатаму, и овој пат беше нотирано, иако во помала мера, непочитување на пропишаната форма за подготовка на годишните извештаи, што во суштина претставува нецелосно исполнување на предвидените обврски“ се наведува во извештајот на невладината организација.
XS
SM
MD
LG