Достапни линкови

logo-print

Во Сочи средба меѓу Путин и Јанукович


Виктор Јанукович и Викторија Нуланд

Виктор Јанукович и Викторија Нуланд

Украинскиот претседател Виктор Јанукович е во Сочи каде што се очекува, на маргините на Зимските Олимписки игри, да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Нивната последна средба беше на 8 јануари. Тој вчера замина за Сочи откако имаше разговори со американскиот помошник држвавен секретар Викторија Нуланд. Притоа, како што е соопштeно, тој и изјавил дека поддржува реформи на Уставот, едно од клучните барања на украинските проевропски протести. Но, според Јанукович, таквите измени треба да бидат направени легално. Во меѓувреме, Нуланд и се извини на Европската унија за нејзиното погрдно изразување во врска со немоќта на дипломатските напори на Унијата во Киев, снимено при еден телефонски разговор.
XS
SM
MD
LG