Достапни линкови

Нови земјотреси на Кефалонија и Закинтос


Ликсури

Ликсури

Два земјотреса го погодија поширокиот регион на пристанишниот град Ликсури синоќа и предизвикаа паника кај жителите на грчките острови Кефалонија и Закинтос. Првиот земјотрес бил со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од пет километри. Три часа по полноќ бил регистриран и земјотрес со интензитет од 4,2 степени покрај заливот на градот Патра, на Полуостровот Пелопонез. Нема информации за настрадани или причинета материјална штета.
XS
SM
MD
LG