Достапни линкови

Украина - Јанукович бил отворен за уставни промени


Украинскиот претседател Виктор Јанукович на американскиот специјален пратеник Викторија Нуланд и рече дека е отворен за разговори со опозицијата и подржува уставни реформи што е едено од клучните барања на опозицијата.

Но, според Јанукович, измената на уставот мора да го следат правни чекори.
Американскиот помошник државен секретар пред тоа се сретна со украинските опозициски водачи во Киев во обид да стави крај на политичкиот ќор-сокак.

Нуланд, која е во дводневна посета на Украина разговараше со Витали Кличко, Арсениј Јатсениук и Олег Тианчубук.

Во меѓувреме, во парламентот не мина законодавство за промена на уставот за ограничување на претседателските овластувања.

Во Киев, пак околу 2000 антивладини демонстранти носејќи штитови и палки маршираа пред владата за да ја потсетат на нивните барања.
XS
SM
MD
LG