Достапни линкови

Песни што секогаш сте сакале да ги слушнете, а не сте имале каде!


„Песни што секогаш сте сакале да ги слушнете, а не сте имале каде!“ е насловен албумот на ВИС ВОКС, чија промоција треба да се случи овој петок, на 7 февруари, во 20 часот во Кинотека на Македонија.

По многу години, по многу приказни...По многу сонувани и несонувани снишна...Се собравме да создадеме експлозија од свуци, чувства и мигови...Ние: Гино, Перо РЈ, Ѓоле, Рубин и Мајо Вокс, познати како Вокално-инструментален состав ВОКС. Собрани под огромноста на небесниот свод, создадовме музика што трае 30 минути, а самата таа, нас не создаваше цели 30 години. Се надеваме дека се приближивме до совршената Едност.
Човек кога ќе се зарази со музиката, таа зараза веројатно му останува за целиот негов живот. Долги години градејќи ја кариерата во сосема други области, во бизнисот, потоа во науката и професурата, клавирот секогаш ми беше на дофат на раката, но притоа постојано се обидував да биде преклопен со што повеќе книги за да потешко може да се отвори.
Марјан Бојаџиев, клавијатурист.

Ова ќе го запишат ВИС ВОКС на поканата за промоцијата на своето првенче - „Песни што секогаш сте сакале да ги слушнете, а не сте имале каде!“ што е планирано да се одржи во Кинотека на Македонија. Со тоа, веројатно на најречовит и најискрен начин ќе го споделат задоволството што го затвориле кругот на еден од своите дамнешни, тинејџерски сништа.

Независно од тоа што од тогаш, од средината на 1980-те, има протечено многу води, што мнозина за некогашната енергија, звуковност и емотивност само си припомнуваат, сепак дури и таквото ехо како добар дух се издига над турбо-реалноста, просечноста и кревкиот урбан дух над ова наше заедничко Скопје. Ете и затоа, во
ГИНО ДЕ ГАГИ.
ГИНО ДЕ ГАГИ.
локалнава бара од сенекакви созвучја и пораки, иако настанувана во дамнешно, музички „херојско“ време и веќе без своја ултимативна целна група, оваа музика на ВИС ВОКС ( песните како „Утрото“, „Погледни го градот“, „Како ли изгледа вечноста“, „Падот на Византија“, „Толку тажен ден“...) ја има моќта да заинтригира, да разгали, да ве растресе...Конечно
Се обидовме да ги создадеме овие осум песни двојазично, на македонски и на англиски јазик, и сметаме дека според нас испадна еден фино спакуван албум со жанровски она што беше актуелно во 1980-те години.
Марјан Бојаџиев.
да ве натера да посегнете по преслушување на условно подоброто музичко минато во кое беа БАДМИНГТОНС, АРХАНГЕЛ, ПАДОТ НА ВИЗАНТИЈА, САНС, ВЕРМИЛИОН ДЕВИЕЈТ, КИБОРГ, САРАЦЕНИ, ЛАСТ ЕКСПЕДИШН, КЛЕРЖО, КИСМЕТ, ТЕЛО НАУКА СОВРШЕНА, ХИП...

Е, дури тогаш ќе ви стане јасно дека и овде виреела младост која целата своја енергија и талент упорно и постојано им ги спротивставувала на малограѓанштината и на провинцискиот дух.
Затоа и без воопшто да се споменува некаква си историчност, овие песни се битни токму и за денешнинава ( ако ништо да се збогати фундусот на Македонска поп-рок музика и да не се кука дека ја немало за да се пушта на радио...). Тие треба да бидат сведоштва врз кои неминовно ќе газат генерациите задоени од рокенролот и урбаната култура.

„Човек кога ќе се зарази со музиката, таа зараза веројатно му останува за целиот негов живот. Долги години градејќи ја кариерата во сосема други области, во бизнисот, потоа во науката и професурата, клавирот секогаш ми беше на дофат на раката, но притоа постојано се обидував да биде преклопен со што повеќе книги за да потешко може да се отвори бидејќи секое негово отворање, пак, значеше дека следните најмалку два-три дена ќе мислам на некоја музика што ни се врти низ главите од таму некаде 1984 – 85 – 86 и што делумно успеавме да ја реализираме на тие демо снимки на ГИНО ДЕ ГАГИ а еве сега ја завршивме во 21 век како ВИС ВОКС“, ќе рече Марјан Бојаџиев, клавијатурист и автор на текстовите на песните.

Мајо дополнува дека нималку не било лесно да се соберат повторно, но дека целиот тој процес на наново музичко активирање бил повеќе од возбудлив и интересен сам по себе.

„Ние сите сме во различни фази од своите и кариери и животни патеки. На пример, јас некако бев во средината, децата на Перо се веќе студенти, а Гино штотуку доби бебенце, така што разбирливо е што сите бевме на различни бранови должини. Сепак успеавме да направиме темпо барем еден викенд во месецот да посветиме на оваа наша приказна и се разбира големо влијание имаше напредокот на техниката што овозможуваше добар дел од работите да си сработи секој сам во некое свое опкружување во домот, па потоа кога ќе се собереме да ги компонираме траките и полека да одиме напред.“

Всушност, основната идеја била да биде реактивиран бендот од 1985 година - ГИНО ДЕ ГАГИ И НИВНИТЕ СТРАСТИ, но со оглед на тоа што од животната сцена поодамна замина Дејан Аргировски Ушко, а Ацо Богдановски Конга поради битката со подмолната болест неможел да им се придружи...и згора на тоа откако Душко Ристевски и Соња Рафајловска не биле расположени повторно да застанат зад микрофонот, дружината решила да му се обрати на Рубин Кантарџиоски – Кантар, пејачот и водачот на DON'T! WHO?ONE со кога претходно имале убаво искуство на еден заеднички музички проект.

„На компилацијата што ја подготвивме 1994 година во чест на Дејан Аргировски Ушко, еден од оригиналните членови на ГИНО ДЕ ГАГИ...се најде една обработка на песна од РАМОУНС што ја снимија Гино како гитарист, Мите Димовски на тапани, Саша Павловиќ на бас и Кантар како пејач и која звучеше, да бидам искрен, феноменално(овде Бојаџиев веројатно мисли на песната „Moons“ на групата Стренглерс на чија верзија тапани свири Андреј Атанасов Еди, а не Димовски. з.а). Затоа сметавме дека еден таков вокал лесно би можел да се вклопи во овој контекст што ние го сработивме.“

Инаку, членовите на ВИС ВОКС имаат раскрстено со предубедувањата дека сега откако го објавија својот „историски“ албум конечно „ќе ги заплисне славата“. Напротив, ним им е јасно дека вака го нашле издувниот вентил и дека полека, за свој кеиф, ќе си испишуваат некои свои нови приказни со кои некој може, но нужно и не мора да се идентификува во времево сегашно.

„Се обидовме да ги создадеме овие осум песни двојазично, на македонски и на англиски јазик, и сметаме дека според нас испадна еден фино спакуван албум со жанровски она што беше актуелно во 1980-те години. Планираме да продолжиме со малку порелаксирано темпо бидејќи ова што ни беше главно го завршивме и наскоро најверојатно ќе се појави еден инструментален албум со траки што членовите повеќе или помалку ги имаат работено во меѓувреме и можеби, следната година, во истово ова доба од годината уште еден ваков вокално-инструментален албум од вокално-инструментален состав“, потенцира Бојаџиев, кому од немајкаде му припадна улогата на организациски движечкиот преклопник во бендот.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG