Достапни линкови

Говор на омраза или слобода на мислење?, пребројувањето на новинарите, претстојните избори, „лопатарењето“, се само дел од темите за кои пишуваа весниците.

Слободен печат го цитира главниот уредник на Алсат М, Мухамед Зекири, кој прашува дали Советот за радиодифузија ќе реагира на Латасовиот говор на омраза и дека во исто време, Советот, сега Агенција за медиуми, си молчи.
Новинарите се сомневаат во мотивите за нивно пребројување.

Утрински ја објави изјавата на јавниот обвинител Зврлевски дека Обвинителството нема да поведе постапка за кривично гонење на главниот уредник на Сител за тоа што ги повика Македонците да гласаат за Груевски и за неговата партија за да не станат заложници на Албанците и што го поистовети лидерот на опозициската СДСМ за педофил - тоа било слобода на мислење.

Вечер продолжува да се подбива со Здружението на новинари на Македонија, нарекувајќи го „Тајно друштво“. Ова во врска со барањето на министерството за
Субрата Рој преку оглас во Индија најави 2,7 милијарди евра вложувања во Македонија.
информатика, ЗНМ и второто, паралелно, МАН, да поднесат списоци со новинари кои платиле членарина, што претседателот на ЗНМ, Селмани, го одби велејќи дека ќе поднесе само список на новинарите членови. Утрински објавува дека „Новинарите се сомневаат во мотивите за нивно пребројување“. Исто така Утрински пишува дека „Претседателскиот оглас ја зголеми неизвесноста“ околу плановите на владејачката партија на речиси два месеца пред претседателските избори: Владо Поповски нема да се пријави на огласот, а Јове Кекеновски ќе се пријави за партиската конвенција закажана за 1 март.

Слободен печат објави фотографија на која Груевски фрла лопата за некој камен темелник, со прашање: „На секој чекор се крши изборниот законик - Вака ли се договоривте да нема лопатарење?“ Заменик-министерката за правда побрза да објасни дека може да се ставаат камен-темелници, ама „Тоа да не биде јавен настан“. Дневник ја цитира со ваков наслов.

Нова Македонија ја интересира екологијата: „Граѓани бараат државата да го заштити Водно“ по информациите за почеток на изградба на ски-центар. Иако старо-новиот театар официјално е отворен веќе неколку месеци, Утрински информира дека „Не запираат трошоците за театарот - за нецела недела се потпишани три нови довоговори во вредност од околу 370 000 евра. Сите се склучени без претходно распишан оглас“.

Утрински објавува сегменти од собраниската дебата под наслов: „Кој трупал повеќе долгови, кој повеќе градел“, информирајќи дека потоа владејачкото мнозинство изгласало уште еден нов заем за Македонија од Светска банка што тежи 36 и пол милиони евра. Изгледа и во Индија е актуелно објавувањето огласи по весниците: „Субрата Рој преку оглас во Индија најави 2,7 милијарди евра вложувања во Македонија“, наслови Дневник.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG