Достапни линкови

ГЕРБ бара гласaње за недоверба на бугарската Влада


Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов

Најголемата бугарска опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија денеска побара Парламентот во Софија да се изјасни за недоверба на Владата, обвинувајќи ја дека не знае да справи со драстичниот прилив на сириски бегалци, како и за пораст на криминалот.

Тоа ќе биде трето гласање за доверба на бугарската Влада, предводена од социјалистите, во последните четири месеци, при што аналитичарите предвидуваат дека таа и овој пат ќе преживее.

На социјалистите и нивните партнери, партијата на Турци, им недостига само едно пратеничко место за да имаат мнозиство во 240-членоот Народно собранието.

Владината коалиција, меѓутоа, ужива неофицијална поддршка на националистичката група Атака, која има 23 пратеници во Парламентот.
XS
SM
MD
LG