Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат студентските демонстрации во Приштина


Најмалку еден косовски полицаец е повреден при судири со група студенти кои и денеска протестираат пред Ректоратот на Унивезитетот во Приштина.
При инцидентот се повредени и неколкумина демонстранти.
Стотици студенти, поддржани од членови на граѓански асоцијации и политички партии, веќе неколку дена протестираат пред Ректоратот барајќи оставка на ректорот Ибрахим Гаши.
Тие денеска насилно влегле во дворот на Ректоратот, по што се обиделе да упаднат и во зградата на ректорската управа, но биле спречени од полицијата.
Меѓу учесниците на протестот беа познати косовски личности.
XS
SM
MD
LG