Достапни линкови

ЕП бара санкции против украински официјални претставници


Европските законодавци побараа воведување мерки против украински официјални претставници кои имаат удел во насилството врз демонстрантите во Украина. Во необврзувачката резолуција, подржана од сите поголеми политички групации во Европскиот парламент, се нагласува потребата од воведување забрана за патување, замрзнување на имотите и бизнисите на одговорните украинци.Во текстот се подржува и етаблирање постојана мисија на Европскиот парламент во Украина која треба да помогне во смирувањето на тензиите и отворањето дијалог. Од претседателот Виктор Јанукович се бара ослободување на сите политички затвореници, вклучувајки ја и екс премиерката Јулија Тимошенко.
XS
SM
MD
LG