Достапни линкови

ЕП изразува загриженост за човековите права во Русија


Европскиот парламент во Стразбур усвои резолуција со која се изразува загриженост за човековите права во Русија. Во резолуцијата се повикува Москва да го повлече законот со кој се забранува пропагандата на нетрадиционалната сексуална оријентација, како и законот за така-наречени странски агенти, кој се однесува на невладините организации кои примаат странски донации. Евро-парламентарците исто така ја повикуваат Русија да го повлече признавањето на грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија, како и да ги повлече трупите од Молдавија и да игра конструктивна улога во смирувањето на конфликтот во Нагорно Карабах.
XS
SM
MD
LG