Достапни линкови

logo-print

Ховит за РСЕ: поттик за македонските евроинтеграции


Европскиот парламент ја усвоија резолуцијата со која се повикува Советот на ЕУ да започне преговори со Македонија.

Препорачав почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, но земјата мора да ги продолжи реформите, изјави Ричард Ховит за РСЕ пред седница на Европскиот парламент кој во меѓувреме ја усвоија резолуцијата за напредокот на Македонија во 2013 година,
Во резолуцијата Европскиот парламент уште еднаш го повикува Советот на Европската Унија да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Повторив пред Европскиот парламент тоа што го препорача и ЕК дека пристапните преговори треба да почнат што е можно поскоро. Но, не можев секако да ги скријам предизвиците со кои се соочува земјата и реформите кои мора да се направат за да се врати земјава на евроинтегративниот пат, изјави за Радио Слободна Европа известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.
Годинава дадов специфичен предлог, ЕК да ја награди земјата со статус на функционална економија. Тоа би било признание за економскиот напредок што го прави земјата и тоа ќе помогне за привлекување странски инвестиции.

„Годинава дадов специфичен предлог, ЕК да ја награди земјата со статус на функционална економија. Тоа би било признание за економскиот напредок што го прави земјата и тоа ќе помогне за привлекување странски инвестиции“, вели Ховит.

Не заборавајќи минатата година да ја нарече изгубена за евроинтегративниот процес на земјава, комесарот за проширување, Штефан Филе пред европратениците накратко ги повтори предизвиците - слободата на медиумите, изборните реформи и добрососедските односи. Видовме извесен позитивен развој во последните неколку недели во некои од областите со постигнувањето на меѓупартискиот договор околу изборните реформи што помогна да се создаде солидна законска клима за одржување на претстојните претседателски избори, изјави тој.

Меѓупартискиот договор околу изборните реформи покажува дека националните интереси можат да бидат ставени пред партиските. Земјата мора да изгради консензус и да се придвижи кон поширок политички дијалог и во останатите области.

„Меѓупартискиот договор околу изборните реформи покажува дека националните интереси можат да бидат ставени пред партиските. Земјата мора да изгради консензус и да се придвижи кон поширок политички дијалог и во останатите области. Тоа е единствениот начин да се спречи повторувањето на политичката криза низ која замјата помина по настаните од 24 декември 2012“, рече Филе.

Добрососедските односи се клучни за евроинтеграциите на земјата, но спорот за името влијае врз односите со Грција, а нерешените историски и културни прашања врз односите со Бугарија, посочи Филе. Неопходно е да се обноват напорите за унапредување на односите и довербата. Известувачот за Македонија, Ричард Ховит, предложи комисијата да и додели на Македонија статус на „функционална пазарна економија“ што би било гаранција за странските инвестиции.

Во настапите на Филе и на Ховит во Европскиот парламент дел од експертите гледаат обиди на европските дипломати преку мали чекори да ја одржуваат Македонија на европската агенда.

„Сега се насетува една тактика – да не ја оставиме државата сосема настрана, бидејќи таа дефинитивно паѓа во контекст на регионалната агенда сосема долу, туку да се обидеме да направиме она што можеме да направиме и полека да ги отстрануваме некако блокадите за да не паднеме подолу“, изјави Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG