Достапни линкови

Ќе се казнуваат Косовците кои војуваат во странство


До петнаесет години затвор ќе се казнуваат Косовците кои војуваат надвор од земјата. Владата на Косово усвои Предлог-закон со кој се настојува да се стави крај на практиката Косовците да учествуваат во војни надвор од земјата, јави дописникот на МИА.
Донесувањето на овој закон е инициран откако многу млади Косовци заминаа да војуваат во Сирија.
Предлог-законот по итна постапка ќе биде на дневен ред на косовскиот Парламент. Во меѓувреме, според порталот „Коха“ на меѓународниот аеродром во Приштина уапсени се две лица чија дестинација била Сирија.
XS
SM
MD
LG