Достапни линкови

Почеток на ЗОИ во Сочи пред утрешното отворање


Денеска во Сочи почнаа првите спортски настани на Зимските олимписки игри пред утрешеното свечено отворање. Претседателот Владимир Путин оцени дека Русија е целосно подготвена да биде домаќин на Игрите. Сепак, има големи критики за многу работи поврзани со Олимпијадата, од организациони, преку корупциски и безбедносни, до оние за човековите права.

Уште еднаш се покажа дека Олимписки игри не се само најголем спортски настан во светот. Рускиот претседател Владимир Путин вчера во Сочи со гордост изјави дека неговата земја е подготвена за стартот на Зимските олмписки игри, први што се одржуваат во Русија.
Русија се подготвуваше за овој момент седум години. Ова стана голем национален проект. Посебно сум задоволен да забележам дека, како што се вели во вакви случаи, имавме целосен национален консензус за одржување на овие Олимписки игри.

„Русија се подготвуваше за овој момент седум години. Ова стана голем национален проект. Посебно сум задоволен да забележам дека, како што се вели во вакви случаи, имавме целосен национален консензус за одржување на овие Олимписки игри“, изјави Путин кој по добивањето на организацијата на Игрите оцени дека тоа ќе ја покаже моќта и ќе и го врати угледот на Русија на меѓународната сцена.

Но, светот не го делеше неговиот ентузијазам. Критиките за состојбата со човековите права во Русија се интензивираа особено откако беа усвоени неколку дискриминаторски закони насочени против правата на хомосексуалците.
Москва соопшти дека за изградбата на спортските објекти, Олимпиското село и целата инфраструктура, како и за обезбедувањето биле вложени над 50 милијарди долари, најмногу во досегашната историја, било на Летните, било на Зимските олимписки игри.

Тоа предизвика лавина реакции, не само од спортисти од ЛГБТ заедницата, туку и од голем број државници и интелектуалци.

Имаше најави и за бојкотирање на Игрите, нешто што и се случи на Москва кога беше домаќин на Летните Олимписки игри во 1980 година, но на крајот се се сведе на неприсуство на дел од светските лидери на отворањето на Игрите како протест поради состојбата со човековите права во Русија.

Во меѓувреме, со приближувањето на Олимпијадата се зголеми и загриженоста за безбедноста на спортистите.

Тоа посебно по терористичките закани од исламските екстремисти во тој регион, како и самоубиствените напади во Волгоград во декември кога загинаа десетици луѓе. Веднаш беа воведени дополнителни безбедносни мерки.

Според некои наводи, скоро 100 илјади полицајци и војници биле распоредени во регионот на Сочи. Притоа, спортистите и посетителите мора да ги почитуваат строгите мерки за контрола.

Трошоците за безбедноста во Сочи се една од главните ставки на финансиската конструкција на Олимпијадата.

Москва соопшти дека за изградбата на спортските објекти, Олимпиското село и целата инфраструктура, како и за обезбедувањето биле вложени над 50 милијарди долари, најмногу во досегашната историја, било на Летните, било на Зимските олимписки игри.

Дел од руските аналитичари наведуваат дека ваквата огромна сума е резултат на несоодветното планирање и изградба на објектите што пак било последица на корумпираноста на системот и поврзаноста на власта со руските тајкуни.

Притоа, не се водело сметка ниту за локалното население, ниту за странските работници, а најмалку за животната средина.

Првите гости кои пристигнаа во Сочи веќе се пожалија на условите на сместувањето. За оние спортските ќе има време до 23 февруари кога завршува Олимпијадата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG