Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја против воените вежби на Јужна со САД


Северна Кореја се закани дека ќе го прекине договорот за спојување на смејствата меѓу двете Кореји доколку Јужна Кореја не ги откаже планираните воени вежби со Соединетите Држави. Двете Кореји вчера се согласија да им дозволат на семејствата, кои останаа поделени за време на Корејската војна, да се сретнат на 5 дена кон крајот на овој месец. Тоа ќе биде прва ваква средба од 2010-та година. За кон крајот на месецов се предвидени и редовните заеднички воени вежби на Јужна Кореја со Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG