Достапни линкови

Првите натпревари во Сочи денеска, официјалниот старт утре


Првите настани од Зимските олимписки игри 2014 треба да започне денеска во Сочи, Русија иако церемонијата со која се одбележува официјалното отворање на Олимписките игри е закажана за утре. Денешниот распоред вклучува тим на мажи и тим на парови со кратка програма на уметничко лизгање, како и слободно скијање и сноубординг. Рускиот претседател Владимир Путин го посети олимпиското село вчера и изјави дека Русија е подготвена да биде домаќин на игрите. Олимпискиот факел, исто така пристигна во Сочи во средата, откако пропатува 65.000 километри - вклучувајќи излет до Северниот Пол и посета во вселената со рускиот космонаути. Предвидено е натпреварите да завршат на 23 февруари.
XS
SM
MD
LG