Достапни линкови

Ештон: Потребно е многу работа за решавање на кризата во Украина


Шефот за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон соопшти дека е потребно "многу повеќе работа" за решавање на судирот помеѓу властите и непријателска демонстранти во Украина. По одвоените средби со претседателот Виктор Јанукович и опозицијата во Киев, Ештон рече дека ЕУ е подготвена да и помогне на Украина и финансиски и со експертиза, за да се подобри долгорочниот економски развој и да се помогне околу можните промени на уставното уредување. Украина се соочува со жестоки немири во изминатите два месеци, со демонстрантите кои бараат оставка на владата поради одлуката на Јанукович да одржувапоблиски односи со Русија врски и одлуката да не го потпише договорот за трговија со ЕУ. Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека е повеќе загрижен за растечкиот долг на Украина за неисплатениот гас и дека Киев треба да ги образложи своите идни политики во време на проевропските протести.
XS
SM
MD
LG