Достапни линкови

Конференција за „Јадранската стратегија“ во Атина


Денеска и утре во Атина ќе се оддржи конференција посветена на „Јадранската стратегија“, на која ќе присуствуваат високи претставници на осум земји од регионот, соопшти денеска Европската комисија.
Европскиот комесар за регионална соработка Јоханес Хан ќе ги информира учесниците за подготовките за донесување на „Јадранската стратегија“, чија цел е воспоставување на поблиска соработка меѓу земјите-членки на Јадранско-јонската иницијатива на билатерално и на регионално ниво.
Тоа ќе биде првпат во макро-регионалната стратегија да учествуваат ист број земји од ЕУ (Хрватска, Грција, Италија, Словенија) и држави кои се уште не се членки на ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија), што работат заедно со здружени сили за да одговорат на заедничките предизвици, пишува во соопштението на Европската комисија.
XS
SM
MD
LG