Достапни линкови

Ирачките затворенички се соочуваат со тортура


Хјуман рајтс воч соопшти дека многу затворени жени во Ирак биле соочени со тортура и малтретирање од страна на властите. Во извештајот на оваа организација се наведува дека ирачките безбедносни сили нелегално задржувале стотици жени преку судски постапки кои не ги почитуваат меѓународните стандарди. Во извештајот меѓудругото се наведува дека ирачкото судство е корумпирано и честопати ги донесува обвиненијата врз основа на групни убедувања. Организацијата со седиште во САД соопшти дека многу жени биле притворени со месеци понекогаш и години без да им се суди и без воопшто да видат судија, преку таканаречени "принудени признанија." Многу притворенички кои зборувале за ХРВ опишале дека биле тепани, малтретирани, силувани, или пак им се заканувале со сексуален напад за време на испрашувањата од страна на безбедносните сили. Групата за човекови права соопшти дека огромното мнозинство од повеќе од 4200 затворени жени во ирачките затвори се сунитски Арапи.
XS
SM
MD
LG