Достапни линкови

Рохани: Нова атмосфера во иранската економија


Државната телевизија во Иран емитуваше во живо интервју со иранскиот претседател Хасан Рохани откако тој задоцни повеќе од еден час од терминот кога требаше да се емитува интервјуто. Причината за одложувањето не се знае. Новинската агенција ИРНА објави дека шефот на државната телевизија се обидел да го спречи емитвањето бод засега "непознати причини". Во интервјуто Рохани го спомена доцнењето, но не сакаше да ја објасни причината. Новинската агенција Фарс ја цитираше изјавата на "информиран извор" во претседателскиот кабинет како вели дека доцнењето било предизвикано од несогласувањето околу тоа кој треба да го води интервјуто. Рохани кој беше испрашуван од страна на машки и женски новинар, изјави дека во иранската економија е создадена "нова атмосфера". Државната телевизија е контролирана од страна на конзервативните исламистички струи.
XS
SM
MD
LG