Достапни линкови

Меѓународни автори против антигеј законите во Русија


Повеќе од 200 меѓународно познати автори го критикуваа антигеј законите на Русија како задушување на креативноста во пресрет на Зимските олимписки игри во Сочи. Во отвореното писмо објавено во британскиот весник Гардијан, авторите пишуваат дека писателите се "ставени на ризик од страна на актуелните руски закони кои забрануваат пропаганда на нетрадиционални сексуални односи меѓу малолетници, како и декриминализација на клеветата. Меѓу писателите кои го потпишаа писмото се и Салман Ружди, Маргарет Атвуд и Џонатан Францен.
Тие ветија дека нема да стојат настрана и да гледаат како нивните колеги, писатели и новинари се притиснати во тишина и како ризикуваат да добијат драстични казни за самиот чин на комуникација со нивните мисли. Во писмото се вели дека "здравата демократија мора да ги слушне независните гласови на сите граѓани ".
XS
SM
MD
LG