Достапни линкови

Во Киев разговори на Ештон со Јанукович и опозицијата


Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон изјави дека е неопходна уште многу работа за решавање на конфронатциите меѓу украинските власти и антивладините демонстранти. Таа ова го рече по денешната средба во Киев со претседателот Виктор Јанукович и со лидерите на опозицијата. Во соопштението од кабинетот на Јанукович пак се наведува дека станало збор за стабилизирање на политичката ситуација во Украина. Над два месеца во Киев се одржуваат антивладини протести на кои се бара оставка на претседателот Јанукович кој одби да ја потпише спогодбата за поблиски односи со Европската унија.
XS
SM
MD
LG