Достапни линкови

Филе: најважно е во Украина да има преговори


Штефан Филе и Виктор Јанукович, Киев 28.01.2014.

Штефан Филе и Виктор Јанукович, Киев 28.01.2014.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека во моментов е најважно да почнат преговори за измени на уставот на Украина. Обраќајќи се во Европскиот парламент, Филе изјави дека е неопходна сериозна ангажироност и од двете страни за да се најде решение за политичката криза во Украина. Според него, новата влада треба да ја има довербата од сите во земјата. Филе додаде дека опозицијата ќе мора да се дистанцира од радикалните елементи, а властите да ја штитат слободата на изразување и проести. Тој најави дека во идната недела ќе ја посети Украина.
XS
SM
MD
LG