Достапни линкови

Ватикан со критики за извештајот за злоставувањето деца


Ватикан вети дека ќе го простудира извештајот на Обединетите нации во кој се обвинува Римокатоличката црква дека со нејзините политики дозволила свештеници да силуваат и сексуално да злоставуваат десетици илјадници деца во светот. Во извештајот објавен денеска Комитетот на Обединетите нации за правата на детето побара од Ватикан веднаш да ги отстрани сите свештеници за кои постои сомневање дека извршиле таков чин и да им ги предаде на судските власти. Во документот исто така се наведува дека црквата неадекватно ги штитела децата од свештениците педофили. Пратеникот на Ватикан во Светската организација Силвано Томаси пак оцени дека извешатјот бил идеолошки и под влијание на геј групите.
XS
SM
MD
LG