Достапни линкови

Работнички протести во Тузла, неколкумина повредени


Незадоволни работници на некогашните стопански гиганти во Тузла, со поддршка на други граѓани, денеска протестираат во центарот на овој градот во северна Босна и Херцеговина. Демонстрантите се обиделе да упаднат во зградата на кантоналната влада, при што се судриле со полицијата. При судирите биле повредени неколку демонстранти, еден полицаец и еден новинар, објавија босанските медиумите. Во текот на протестот се зголемил бројот на демонстранти, кои со камења ја гаѓале зградата на кантоналната Влада и ги испокришиле сите прозорци. Од владата на Кантонот работниците бараат исплата на еднократна парична помош во износ од 250 евра, поврзување на работниот стаж и осигуреничкото право на лекување.
XS
SM
MD
LG