Достапни линкови

logo-print

ДИК:над 240 милиони денари за претседателските избори


Државната изборна комисија денеска ja прифати одлуката за утврдување на трошоците за изборните активности на претстојните претседателски избори. Во буџетот на ДИК за одржување на претседателските избори се предвидени 245 милиони и 430 илјади денари. На седницата беше предложена измена на изгледот на Избирачкиот список, за што постои начелна согласност од страна на сите членови. Над 68.000 лица кои не живеат во државата подолго време во Избирачкиот список се обележани со ѕвездичка, но сите други кои се иселиле од државата а кои сакаат да гласаат ќе треба да достават законска дозвола за престој и дозвола за работа. Дополнително ДИК ќе донесе упатство за гласање на дијаспората. Во изборните единици седум, осум и девет каде што гласа дијаспората, изјаснувањето ќе биде на 12 април, ден пред првиот круг од претседателските избори.
XS
SM
MD
LG