Достапни линкови

МВР се подготвува за претседателските избори


Министерството за внатрешни работи ги почна подготовките за постапување во рамки на законските ингеренции и обврски по распишувањето на изборите за претседател на Република Македонија.
Како што информира на денешната прес-конференција министерката Гордана Јанкулоска, согласно одредбите од Изборниот законик, МВР до ДИК во криптирана форма ги доставила податоците со кои располага во своите бази за ажурирање на Избирачкиот список.
Веќе е формиран и Оперативен штаб кој треба да ги испланира и реализира сите активности во рамки на изборите, а кои, како што посочи таа, ќе бидат поделени во три фази и тоа предизборен период кој ја вклучува и кампањата, денот на изборите и периодот по затворање на гласачките места.
Посебно внимание ќе се обрне на доследно почитување на членот 128 од Законот за внатрешни работи според кој надвор од работното време полициските службеници не смеат да се стават во функција на политичките партии заради вршење предизборни и изборни нерегуларности, да не го нарушуваат јавниот ред и мир и угледот на Министерството и да се воздржуваат од какви било провокации на активисти на политички партии, порача министерката Гордана Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG